78 нови случаи на Ковид 19 во земјава

Од вкупниот број нови случаи со ковид 19, 9 се регистрирани во Тетово и  5 во Гостивар.

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19, од кои 9 во Тетово и тетовско и 5 во Гостивар и околината.  Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица, 10 од Тетово и 5 од Гостивар.

Министер за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека стратегијата на широко интензивно тестирање дава резултати за рана детекција. Во просек 13% од вкупниот број тестираните се позитивни случаи. 

Од вкупниот број активни случаи хоспитализирани се вкупно 421 пациент, а останатите се на домашно лекување. Во изминатиот период голем е бројот и на оздравени. Министерот Филипче рече дека се работи на подготовка на здравствените капацитети за есенскиот период, кога се претпоставува дека вирусот побрзо ќе се шири, а се разгледува и опцијата да се користат и студентските домови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

error: Content is protected !!