83 нови случаи на Kовид 19

Починаа 4 лица, а оздравени се 146 пациенти.

Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19. Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти.

Во Тетово денес се регистрирани 5 нови случаи на ковид 19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18 873, бројката на оздравени пациенти е 15 487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.

error: Content is protected !!