9-годишно дете пешак повредено во сообраќајна незгода

Вчера на локалниот пат во гостиварското село Беловиште, трактор управуван од 29-годишник од ова село, удрил во деветгодишно дете (пешак) од Штип. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.                                         

29-годишен гостиварец вчера пријавил дека во гостиварска Долна Бaњица физички бил нападнат од повеќе лица, од кои неколкумина ги познавал од порано. Подоцна, лишени од слобода и повикани во Полициската станица Гостивар биле вкупно пет лица од Долна Бањица, на возраст од  21 до 43 години, а поради сомнение за нивна инволвираност во овој настан.

38-годишник од гостиварско Видуше, пак, во СВР Тетово пријавил дека на улица „ЈНА“ во Гостивар, каде со неговиот брат и внук изведувале градежни работи, околу 16 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале и неколку непознати лица. Набрзо, во Полициската станица Гостивар биле приведени две лица од Видуше и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 83 лица (ТЕ-61 и ГВ-22) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба.

error: Content is protected !!