960 сообраќајни прекршоци за еден месец на тетовското подрачје

101 возило и 245 возачи се исклучени од сообраќај.

Во август оваа година, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во Тетово и Тетовско вкупно откриле и законски санкционирале 960 различни видови сообраќајни прекршоци. 

Во контролните активности, редовни и акциски, поради констатирани прекршоци, билo исклучено 101 возило. Најмногу од исклучените возила (89) имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 9 била утврдена техничка неисправност, а кај 3 претовар.

Минатиот месец на ова подрачје од сообраќај биле исклучени и 245 возачи, од кои 159 кои управувале без возачка дозвола, 7 под дејство на алкохол, 31 возач-почетник, 10 со несоодветна категорија, 4 со важечка забрана за управување и 41 кои некористеле заштитен шлем, односно кацига.

Откриените сообраќајни прекршоци во август, заокружени се со 277 прекршочни, 202 мандатни плaтни налози и 355 писмени опомени. 

Покрај тоа, времено биле одземени 30 возачки дозволи, а на сообраќајна поука биле повикани 11 лица.   

error: Content is protected !!