„Away“- нова композиција на џезерското трио Кондовски, Дробицки, Омерагиќ

Џезерското трио во состав на тетовскиот виолинист, Глигор Кондовски, тромбонисот Владан Дробицки и басистот Дени Омерагиќ, вчера го објавија видеозаписот за нивната композиција со наслов „Away“.

Станува збор за музичка тема во современ џез-стил карактеристичен за триото Кондовски, Дробицки, Омерагиќ. Нивната композицијата „Аway“ е една од 8-те композиции на истоимениот џез-албум. Тетовецот Кондовски, во телефонска изјава зборува како дошло до ваква соработка со неговите колеги.

Инаку, композицијата „Away“ е издадена во продукција на PMG JAZZ и покрај Јутуб може да се најде и на музичката платформа Bandcamp.  

Ивана Серафимовска