COVID-19 – Како да се заштитите себе си

Институтот за јавно здравје излезе со препораки за патниците кои доаѓаат од ризичните земји и како да се заштитите себе си од корона вирусот.

Заболувањето со коронавирус е предизвиканo од новoоткриениот коронавирус. Според досегашните сознанија вирусот се пренесува главно преку: директен контакт со заразено лице на растојание до 2 метри (кашлање, кивање, гласно зборување); и индиректен контакт со допирање на загадени предмети и површини каде вирусот може да преживее краток временски период.

Луѓето кои живеат во Европскиот регион треба да следат едно главно правило – да се заштитат себе си и да не ги разболат другите околу нив, и да се грижат за своето здравје додека патуваат, придржувајќи се кон упатствата што ги добиваат од јавните здравствени установи и СЗО.

Луѓето треба да преземат едноставни мерки, како одржување на хигиена на раце и респираторна хигиена, мерки кои помагаат и за заштитат против грип, но и за други заразни заболувања. Особено важно е луѓето да добиваат информации од сигурни извори, за да не бидат под влијание на гласини кои би ги спречиле да превземат правилни мерки за нивна сопствена заштита. Затоа, побарајте информации од интернет страниците на Институт за јавно здравје и Светска здравствена организација.

За сите патници кои доаѓаат од ризичните земји на СOVID-19, согласно препораките на Комисијата за заразни болести при МЗ и Владата на Република Македонија, се препорачува домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегувањето во Република Северна Македонија. Домашната изолација подразбира 24 часовен престој во домашни услови, во текот на 14 дена.

Препораките опфаќаат самонабљудување со следење на здравствената состојба, самопроверка на телесната температуара, и им се дава флаер (едукативно-информативен материјал) со препораки на кој ги има броевите на дежурните епидемиолози од ЦЈЗ за контакт во случај на промена на здравствената состојба (појава на симптоми на покачена температура, кашлица, отежнато дишење).      

error: Content is protected !!