Oпштина Tетово сака дел од булеварот „Илирија“ да го направи шеталиште, МВР не дозволува
Претставници на Општина Тетово предложиле до полицијата дел од булеварот „Илирија“, од кружниот тек кај пазарот, до кружниот тек кај Центар за култура, да биде затворен за сообраќај навечер за да биде шеталиште.
Според Дурмиши, од страна на Секторот за комунални дејности бил изготвен и основен сообраќаен проект за ограничување и забрана на движење на возила во вечерните часови почнувајќи од 01.07.2022 до 31.08. 2022 година согласно член 155 и 156 од Законот за безбедност во патниот сообраќај и бил пратен до СВР Тетово.
Од тетовската полиција преку соопштение објаснуваат дека барањето не се прифаќа поради долгиот временски период кој го бара Општина Тетово за измена на сообраќајниот режим на дел од булеварот „Маршал Тито“ („Илирија) во периодот од 1 јули до 31 август и во дневниот период од 20 часот до 1 часот по полноќ, наредниот ден.
Општината планира настани и активности во областа на културата во периодот од 15 до 31 јули.