Oтворен меморијален фудбалски турнир во Брвеница

Вчера на стадионот во Брвеница беше отворен првиот меморијален фудбалски турнир со учесници од сите десет населени места во општината. Фудбалските екипи се составени од деца на возраст до 14 години. Турнирот се организира во чест на починатите фудбалери Косте Симовски од село Долно Седларце, Божидар Стаматоски од село Брвеница, Трајан Милошески од село Брвеница, Бесјан Јашари од село Челопек, Хаки Изаири од село Милетино и Ибрахим Беќири од село Теново. Целта на турнирот како што истакна градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиески, е популаризација на спортот и фудбалот затоа што оптината со децении била расадник на фудбалери. Турнирот ќе трае до недела 25-ти јуни. На крајот на турнирот при прогласување на победниците ќе се доделат плакети постхумно за лицата во чија чест се организира турнирот како и признанија на заслужни лица за развој и промоција на фудбалот.

Ивана Серафимовска