Tрибина со новото раководство на фудбалскиот клуб Тетекс
Новоформираниот управен одбор на ФК Тетекс вчеравечер во Тетово, огранизираше трибина со цел да се запознае бизнис-секторот од Тетово и пошироко со финансиската состојба на клубот, но на истата се дискутираше и за потенцијалните спонзорства со цел обезбедување финансиски средства за поддршка и опстанок на тетовскиот клуб во втората фудбалска лига на Македонија.
Од новото раководство на фудбалскиот клуб Тетекс се надеваат на долгорочно решавање на проблемот со финансиите кои се пресудни за опстанок на тетовскиот фудбалски второлигаш.
Инаку, пред неколку дена фудбалскиот клуб Тетекс со подновена екипа, ги започна подготовките во пресрет на новите натпревари во пролетниот дел од сезоната 2022\2023, во втората фудбалска лига.
Ивана Серафимовска